1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За работа не смее да се биде премлад или престар?!

Фридел Таубе/ Александра Трајковска 20 мај 2012

Заштитата од дискриминација поради старост важи и кај ограничените договори, одлучи неодамна Врховниот суд на Германија. Тужба поднесе поранешен шеф на клиника, кој со 62 год. мораше да си замине поради помлад кандидат.

https://p.dw.com/p/14khq
Фотографија: picture-alliance/dpa

На шефот на една германска клиника не му беше продолжен договорот за работа. Наместо него клиниката вработи 41-годишен управител и ја образложи одлуката со староста на кандидатот. На тужителот, според уставот, му следува обесштетување; другите поединости мора да ги утврди Врховниот покраински суд во Келн.

Една петтина од Германците наведуваат дека барем еднаш биле оштетени поради нивната старост. Дискриминацијата поради староста притоа не е само проблем на повозрасни луѓе - исто така и млади имаат такво искуство.

Во членот 3 на Германскиот устав е регулирано: „Никој не смее да биде оштетен или да има предност поради својот пол, своето потекло, својата раса, својот јазик, својата татковина и потекло, својата вера, своите религиозни или политички ставови“.  Меѓутоа староста не е наведена - што со таа категорија? До 2006. година во Германија постоеше јасно регулирање, според кое беше забрането дискриминација врз основа на превисока или премала возраст. Тоа се промени со општиот Закон за рамноправност од 2006. година, наречен и Закон за антидискриминација.

„Работната дискриминација доаѓа до израз во повеќе области, особено во работничкиот свет“, вели Берхард Франке од Канцеларијата за антидискриминација во Берлин. „Постојано се случува луѓе да се јават кај нас, оти се чувствуваат отпишани, оти немаат шанси да бидат поканети на интервју за работа“. Вкупно 20 проценти од испитаниците ширум Германија во анкетата на институтот Форса од есента 2011 наведуваат дека барем еднаш во животот биле оштетени поради нивната старост.

Mitarbeiter Antidiskriminierungsstelle des Bundes
Бернард ФранкеФотографија: Antidiskriminierungsstelle des Bundes

И „премлад“ честопати е недостаток

Повеќето луѓе се уверени дека сето ова е проблем исклучиво на повозрасните: во цитираната анкета повеќе од половина од испитаниците над 60 години се согласни со реченицата: „После 45. година практично не може повеќе да се добие вработување“. Сепак, не се само сениорите оние кои имаат чувство дека се погодени од дискриминација поради возраста. Речиси една третина од 18 до 29-годишниците наведуваат дека биле оштетени, во нивниот случај поради младоста: „Овој резултат не‘ изненади, дека токму во оваа група толку многу луѓе се чувствуваат дискриминирани поради нивната возраст“, вели Франке. Тој смета дека ваквиот развој се должи на Законот за антидискриминација, дека дури тогаш многумина станале свесни дека постои проблем.

Computer Ausbildung Schule Informatik Lernen Symbolbild
Една третина од 18 до 29-годишниците наведуваат дека биле оштетени поради младостаФотографија: Fotolia

Сосема конкретно, Законот отвора можност да се поднесе тужба. Судот за работни односи на пример, во март годинава пресуди дека не е дозволено бројот на денови од годишниот одмор за вработените во јавниот сектор да се утврдува врз основа на староста. Тоа е кршење за законот за антидискриминација, смета судот, затоа на сите вработени треба да им следуваат 30 работни денови годишен одмор. 

Заштитата од антидискриминација е скапа 

За Бернард Франке пресудата е успех на новиот закон. Но, одлуката не наиде само на одобрување.

Манфред Хофман од Сојузот на германските комунални здруженија укажува дека судската одлука со себе влече значителни трошоци. „Пресудата е значително оптоварување за комуналните претпријатија“, подвлекува Хофман и дополнува дека 30 дена годишен одмор за сите вработени во комуналните претпријатија ќе значи загуби во висина од 1,6 милиони работни денови годишно: „Тоа значи дополнителни трошоци од околу 250 милиони евра годишно“.

Symbolbild job Jobsuche arbeit
По 45-та година тешко се наоѓа вработувањеФотографија: Fotolia/phecsone

2012-та - година против дискриминацијата поради возраст

Канцеларијата за антидискриминација отворено му приоѓа на проблемот и сака уште повеќе да го сензибилизира општеството. Затоа 2012. е година против старосната дискриминација. Ширум Германија се организираат манифестации во соработка со училиштата, центрите за сениори, невладините организации и културните институции со цел да се поттикне и зајакне дијалогот меѓу генерациите.