1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За трговијата со органи на осми февруари

5 февруари 2012

Еулекс в среда, на осми февруари, ќе го извести Советот за безбедност на Обединетите Нации за резултатите од истрагата околу трговијата со органи на Косово.

https://p.dw.com/p/13xTX

Иако оперативните детали поради тајност на истрагата не можат да се обелоденат сега, тоа „не значи воопшто дека не е постигнат напредок“, изјави за агенцијата Бета претставникот за печат на Специјалниот истражен тим на Еулекс, Јури Лас. Со тоа Лас одговори на прашањето на Бета - дали главниот обвинител на Специјалниот истражен тим Џон Клинт Вилијамсон ќе поднесе некаков извештај до Европската унија и ОН, имајќи предвид дека на 25 јануари измина цела година откако Советот на Европа го усвои извештајот на Дик Марти за трговијата со органи на Косово и Албанија. Портпаролот на истражниот тим на Еулекс нагласи дека „наводите во извештајот на Советот на Европа од јануари 2011-та година заслужуваат да бидат темелно истражени и важно е тие наводи да бидат расветлени“.

„Очекуваме од српските власти со нас да ја споделат секоја важна информација, во согласност со ветувањето што претседателот Тадиќ му ја даде на обвинителот Клинт Вилијамсон во октомври“, рече Лас.

На прашањето дали Вилијамсон е задоволен од соработката со властите во Приштина и Тирана околу овој случај, Лас одговори дека главниот обвинител за време на посетата на Приштина, Белград и Тирана, на крајот од 2011-та година, издејствувал ветување на високо политичко ниво за поддршка на работата на Специјалниот истражен тим.

Автор: ЕМФ/бета

Редактор: Ж. Ацеска