1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За финансиските аспекти на Светскиот ден на младите се грижи Пакс-банката

17 август 2005

20-ти светски ден на католичката младина: околу 400 илјади аџии од целиот свет стигнаа во Рајнланд, а нивниот број ќе се удвои кога Папата Бенедикт 16-ти во недела во близина на Келн ќе одржи завршната миса. Во финансирањето на оваа манифестација учествуваат црковните орагнизации, заедно со градот Келн, покраината Северна Рајна Вестфалија, сојузната влада и Европската унија. Аџиите, секој според економската мо

https://p.dw.com/p/AeOE

ќ на својата земја, мораат да уплатата такса. За паричните прашања се грижи келнската Пакс-банка.

Оваа банка е финансиски институт за свештениците и другите службеници на католичката црква, но и за црковните институции. Во мала зграда во центарот на Келн, околу 180 соработници се грижат за финансиските прашања на овие религиозни луѓе, за нивните организации, а сега и за католичкиот светски ден на младите:

„За Пакс-банката тоа значи дека е многу ангажирана за финансиските прашања на светската организација на младите, односно дека ние организираме еден вид сообраќај за префрлување на меѓународно ниво, што значи да обезбедуваме и сигурност на девизниот курс, како и да менуваме пари според тоа од каде доаѓаат. На пример од држави како Англија или Швајцарија, но и од оддалечени земји како Австралија, Америка и Канада„.

Кристоф Бернсдорф, портпарол на Пакс-банката и неговите колеги го осигуруваат и севкупниот финансиски концепт на Светскиот ден на младите за да не се случи недостиг на пари за време на мамутската манифестација. Меѓутоа, организираат и наизглед банални работи како собирањето доборволни прилози за време на различните миси и богослужби.

На последниот светски ден на младите во Торонто на тоа подрачје, според црквата, се случија непријатни работи: поради големите маси луѓе, не можеа да се соберат доборволни прилози. Овојпат во Келн е поинаку, убедува банкарот:

„На завршната манифестација при прибирањето прилози, на која се очекува присуството на повеќе од 800 илјади луѓе, се мора добро да биде организирано со многу собирни места, многу повеќе од Торонто, па така многумина што сакаат да донираат ќе успеат да ги предадат своите донации„.

Пакс - банката во 1917 година ја формираше свештеникот Петер Ламберг како банка за штедење и заеми, врз основа на принципите на самопомош, самоодговорност и самоуправа. Во основа, вели портпаролот на банката Бернсдорф, банката е формирана како организација за самопомош на свештениците, зашто не им се веруваше на световните банки:

„Посебното кај Пакс-банката е што ние работиме исклучиво со црквата, иако сме сосема нормална банка, но само за пробелмите на црквата. На пример за старосното згрижување на свештениците што во моментов е многу актуелна тема, не само во Германија, туку во целиот свет„.

Моменталниот биланс банката го проценува на милијарда ипол евра. Во 2003 беше остварена добивка од 2,6 милиони евра. Притоа, за банката во сите нејзини трансакции е многу важно таканареченото морално инвестирање:

„Мора така да биде зашто во спротивен случај нема да бидеме сериозно прифатени. Ако не го правиме ние, тогаш кој? Тоа го може само христијански определена банка, па при инвестирањето мораме многу да внимаваме, зашто во црковните општини не прашуваат како работиме„.

Во моментов банката има околу 5 илјади институционални клиенти: од мали црковни општини, до големи католички болници. Покрај тоа, банката има и 24 илјади приватни клиенти. Меѓун нив и евангелисти, подвлекува Бернсдорф. Меѓутоа, соработка со атеисти не доаѓа предвид, вели:

„Тоа не можеме да си го замислиме. Банката е многу христијански определена, па атеистите кај нас немаат можност да отворат конто„.