1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Збогум, Ирак!

19 август 2010

Седум и пол години од почетокот на војната, борбените единици на американската војска го напуштија Ирак. Вo земјата остануваат околу 50.000 војници кои треба да вршат обука на ирачката армија.

https://p.dw.com/p/OrA5
Збогување по неколку години војувањеФотографија: AP

„Крајот на ирачката војна е тука“ јавија синоќа американските медиуми повикувајќи се на своите репортери од регионот. Но министерството за надворешни работи противречи: војната официјално ќе заврши на 31 август, онака како што претседателот Барак Обама најави пред повеќе месеци. Сепак и од министерството за телевизијата ЕмЕсЕнБиСи проговорија за крај на операцијата „Ираки Фридом“ и за „историски момент“, додека истовремено околу 20.000 американски војници го напуштаа Ирак во правец на Кувајт.

Крај на операцијата со подигната глава

Според агенцијата Асошијетед прес, американските војници самите барале да го напуштат Ирак по ризичниот копнен пат, а не да бидат извлечени со воени хиликоптери. Војниците со подигнати глави, сакале пред новинарите да му стават крај на оспоруваниот воен напад, кој започна под претседателот Џорџ Буш на 20 март 2003 година.

US-Truppenabzug aus dem Irak
Радост поради враќањето дома, американски војникФотографија: AP

„Претходно мислиш, овде доаѓаш како возрасен маж. Но тогаш доживуваш, колку оваа војна те менува“, сеќавајќи се говори еден војник, напуштајќи го Ирак. Неговата сопруга не знаеше дека тој за неколку денa ќе се врати дома:

„Не, не знаев, иако пред неколку денови зборувавме по телефон,“ изјави таа за телевизијата СиЕнЕн.

Имено, повлекувањето на американските борбени трупи од Ирак се случува неколку денови порано од очекуваното.

До 31 август ќе заврши борбената мисија во Ирак, се цитираше самиот американскиот претседател Барак Обама, неодамна пред насобраните ветерани.

„Тоа е тому она што ќе го направиме, и тоа навреме.“

Исполнување на важно ветување

Со повлекување на борбените едниници од Ирак, претседателот Барак Обама исполнува едно од неговите најважни надворешно-политички ветувања од претседателската кампања. Ирачката војна одговорно да биде завршена. Истовремено со навременото исполнување на своето ветување, Обама испраќа важен сигнал до избирачите пред претстојните избори за Конгресот.

Barack Obama Columbus Ohio USA
Обама го исполнува своето ветувањеФотографија: AP

„На крајот на месецов ќе вратиме 90 илјади војници дома“, рече претседателот. По официјалното завршување на ирачката војна, во земјата ќе останат уште 56.000 американски војници - официјално за обука на ирачката армија, де факто, во случај на потреба, долку се разгорат борбите со бунтовниците, да можат веднаш да реагират. Последниот американски војник треба да го напушти Ирак на 1 декември 2011 година.

Инаку, со 535 претежно цивилни жртви, последниот месец беше најсмртоносниот во последните две години. Пет месеци по изборите, се’ уште не е формирана ниту функционална ирачка влада.

Автор: Ралф Зина/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска