1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Згасна „Транспарентност Македонија“

13 октомври 2006

Невладината организација за борба против корупцијата е исклучена од мрежата од страна на централата од Берлин поради кризата во која западна по смените на врвот

https://p.dw.com/p/Adbk

Во Македонија веќе не постои „Транспарентност“,влијателната невладина организација за борба против корупцијата.Централата во Берлин вчера му ја одзеде лиценцата на претставништето во Скопје за да го заштити угледот на меѓународната организација што се бори против корупцијата.Ваквиот расплет следи по неколкунеделната криза во која падна „Транспарентност Македонија“ откако за претседател беше избран Сашо Ордановски од групата Форум.Одлуката пристигна потпишана од шефот за Европа,Миклош Маршал.Во неа стои дека бордот на „Транспаренси Интернешнл„ нуди шанса активностите за борба против корупцијата во Македонија да се реорганизираат.Сите веруваме дека на Македонија и е неопходно силно независно и непартиско антикорупциско тело,се вели во дописот од Маршал,кој за македонските медиуми вака ги објасни причините за овој чекор:

„За да ја заштитиме нашата репутација,поради ескалација на несогласувањата,потребно е да се почне од нешто ново и се надевам дека тоа ќе се случи релативно брзо.Маршал минатата недела лично дојде во Скопје за да посредува меѓу двата табори на кои се подели организацијата,откако екс претседателката Габриела Коневска замина во владата,а не нејзино место дојде Ордановски.

Извршната директорка Слаѓана Тасева објави дека неговиот избор е незаконски,по што следуваа лавина меѓусебни обвинувања за незаконско работење на организацијата,за тајни сметки и нјеплатени даноци.Ордановски одби да се повлече од раководната позиција:

„Валадата не сака да добие невладина организација која ќе може независно од неа да работи.Во целата оваа работа е вклучена потпретседателката Габриела Коневска,нејзиниот сопруг врши непрекинати претисоци,се заканува преку неговата Даночна управа,ние за тоа имавме и официјална преписка,дури и господинот Маршал интервенираше кај потпретседателката на владата.Високиот полициски службеник Слаѓана Тасева ги користи сите начини за да ја уништи организацијата.“

„Транспарентност Македонија“ постоеше пет години и редовно објавуваше извештаи за нивото на корупцијата во Македонија.