1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зделки за 20 милијарди евра: бизнисот пред се!

27 ноември 2007

Во рамките на првата посета на Кина на францускиот претседател Николас Саркози, меѓу двете земји се потпишани стопански договори во висина од околу 20 милијарди евра.

https://p.dw.com/p/CTcU
Саркози и Џинтао зад конците што овозможија зделки од 20 милијарди евраФотографија: AP

Кина од францускиот атомски концерн Арева купува два супер модерни реактора како и ураниум за нив. Вредноста на договорот: 8 милијарди евра. Но, тоа и не беше најголемата зделка на денот. Скоро 12 милијарди евра чинат 160 авиони што Пекинг ги нарача од Ербас. За возврат, шефот на ЕАДС, Луј Галоа на големиот клиент му обезбеди право да учествува во изградбата на следниот авион за долги релации. Според Галоа, постои договор што на кинеската индустрија и дозволува, како партнер со предност да преземе пет проценти од програмата за авинот А 350. Волуменот на потпишаните договори ги надмина очекувањата што беа поврзани со првата државна посета на Кина на новиот француски претседател Саркози. Пекинг го пречека со демонстративно пријателство и со очигледно посакуван контраст кон сегашните односи со Берлин. Саркози се изложи на критики дома зашто на патувањето не го зеде со себе државниот секретар за човекови права. Меѓутоа, не може да му се префрли дека молчеше. Во присуство на својот колега по функција Ху Џинтао, Саркози отворено зборуваше за темата човекови права. Регистрирал напредок на тој план во последните 30 години и подвлече дека Франција става акцент врз натамошен напредок, пред се кај правната држава, судството, новинарството и кај смртната казна. Истовремено, Саркози се изјасни за политика кон Една Кина и избегна да го тематизира тибетското прашање, барем пред медиумите. Неговите соработници тврдеа дека за односот на Пекинг кон Далај Лама било разговарано зад затворена врата. Освен големите зделки, посетата ќе остане во сеќавање и како дипломатски пробив. Саркози го придружуваа и неговите синови и неговата мајка.