1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Здружени, eдинствени, сигурни?!

28 октомври 2010

Денеска (28.10) во Охрид се одржува 18. конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија. Живко Митревски беше реизбран на функцијата лидер на ССМ, а делегатите треба да изгласаат и Резолуција за социјален дијалог.

https://p.dw.com/p/PrH7
Фотографија: Petr Stojanovski

Кризата, покрај економските проблеми, продуцира и сериозни социјални последици во работно правната положба на работниците. Се изгубија голем број работни места, се зголеми невработеноста, има проблеми во редовната исплата на платите, се намали производството, се зголеми неликвидноста на претпријатијата, односно се создадоа голем проблеми во целокупниот развој.

Под мотото: „Здружени, eдинствени, сигурни“, денеска во Охрид Сојузот на синдикатите на Македонија го одржува 18. конгрес. ССМ предлага да се преземаат соодветни мерки од страна на власта, но и ќе бара заедничко дејствување на сите социјални партнери во надминувањето на проблемите, се слушна од конгресната говорница во Охрид:

„Тоа влијаеше и сѐ уште да имаме голем број на невработени, во моментов околу 326.000 евидентирани, 24.000 корисници на паричен надоместок, а 50.882 домаќинства се корисници на социјална и парична помош“, рече старо-новиот претседател на ССМ, Живко Митревски.

Неизвесно е како ќе функционира Економско-социјалниот совет

Gebäude des mazedonischen Gewerkschaftsbundes
Фотографија: Petr Stojanovski

Во септември беше формиран Економско-социјалниот совет, како основен преговарач за правата на синдикалците, но досега не е одржана ниту една работна средба, признава Пеце Ристески, претседател на гранскиот синдикат на металците: “Ако и понатаму Социјално-економскиот совет продолжи да постои само про-форма или поради некои обврски кои ги имаме согласно европските директиви и норми, тогаш залудно го формиравме. Факт е дека месец и пол по формирањето не е одржана ниту една работна седница , освен конститутивната. Мали се надежите да профункционира како што треба. Но, ако се цени по она што се договоривме на конститутивната седница, дека овој Совет дефинитивно ќе ја добие вистинската функција, очекувам во наредниот период и така да биде.“

Митревски чека функција несудениот против кандидат приговара

Zivko Mitrevski
Живко МитревскиФотографија: Petr Stojanovski

И додека во потполна тишина со одредени дисонатни тонови на одредени делегати кои ги изнесуваат мноштвото проблеми со кои се соочува членството, надвор од салата остана Драге Јованоски, кој претходно беш тргнат од изборот, поради тоа што не ги исполнувал критериумите пропишани со Статутот за предлагање избор на членови на органите и носителите на функции во ССМ.

Обезбедувањето не ми дозволи да влезам во салата, иако имам приговор до конгресот и претседавачот ќе треба да го прочита и по него да се дискутира, изјави Јованоски: „Очигледно е дека постапката и натаму продолжува нетранспаретно. Иако имам уредна достава од пет синдикати за кандидатура или околу 40.000 синдикалци зад себе, ова раководство се однесува како да нема друг кандидат, за единствениот предложен колега да може да биде и избран.“

Ете ваква е демократијата во Синдикатот, додава Јованоски, очигледно ќе треба правдата да ја терам на суд: „Бидејќи не сум ставен на листата поднесов приговор до конгресот. Тој приговор мора да биде разгледан или повторно ќе се направи процедурална грешка, што ќе ми даде можност да водам судски спор.“

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Трајче Тосев