1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјите во брз развој добиваат поголемо влијание во ММФ

17 септември 2006

ММФ на заедничката седница со преставниците на светската банка во Сингапур го поддржа планот кој на земјите во брз развој, Кина, Јужна Кореа, Мексико и Турција им овозможува поголемо влијание во рамки на институцијата. Преседавачот со фондот, британецот Гордон Браун изјави дека го поздравува договорот за кој се очекува да биде завршен најдоцна од 2008 година.

https://p.dw.com/p/AeKq
Фотографија: AP

Зголемувањето на сопственото учество и кредитните можности на ММФ за Кина, Јужна Кореа, Мексико и Турција е само еден од чекорите кои зборуваат дека кај овие земји економското и финансиско влијание се зголемило. Фондот, повеќе од кога било ќе го следи движењето на економско финансиските текови на секоја од земјите членки. Големите индустриско развиени земји на пример како Германија, ќе го намалат издвојувањето за касата на ММФ. Но министерот за финансии Пер Штајнбрик истакнува:

„ Нашето влијание во оваа финансиска институција нема да опадне со тоа што делот на Германија од 6,1 ќе се намали на 5,9%. Мислам дека тоа не е ништо лошо или драматично, бидејќи истовремено Кина, Јужна Кореа, Мексико и Турција ќе издвојуваат повеќе. Многу е поважно тоа што новата формула на доделување кредити ќе биде сочинета и врз основа на квотите издвојувања. Критериумите ќе бидат построги. За Германија е важно да го задржи влијанието во рамки на ММФ, однонсо да не го изгубиме местото во извршното тело на оваа меѓународна кредитна институција„

Така на пример прв чекор во реформите би бил зголемувањето на уделот на Кина од три на 3,7%, зголемено влијание за време на гласањето, иако според економскиот пораст на оваа земја тоа би можело да изнесува 5%. Корекција е можна веќе во наредниот чекор реформи. Германија од друга страна, според издвојувањето нема толкаво влијание во ММФ, посебно кога станува збор за меѓународната трговија. По брзиот економски пораст кај земјите кои се на средина меѓу сиромашните и богатите, како на пример Кина, Сингапур или Малезија, јасно е дека нивниот удел во фондот мора да биде поголем. Со тоа не се зголемува само нивното влијание туку се рефлектира и при гласањето. Посебно кога некоја земја ќе влезе во монетарни проблеми. Новите квоти во рамки на ММФ се важни и за време на надзорот во самата институција. Министерот Штајнбрик подвлекува:

„ Во ММФ ќе дојде до одредена корекција на неговата функција. Фондот, основан во 1946 година главно позајмуваше пари, за да го поттикне развојот на одрдени земји кои направиле чекор кон стабилност. Денес се наметнува друга задача, а тоа е да се контролира и да се насочат цел спектар движења во одредени региони со цел однапред да се предвиди некоја криза и да се избегнат ризиците. Тогаш стапуваат на сила одрдени кризни сценарија во кои се сугерира дека на таа земја и е потребна помош толку и толку, врз основа на увидот и економските движења„смета Штајнбрик.