1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Стотици планинари заглавени кај активен вулкан

ЕМФ / дв
30 јули 2018

Наноси и кал им го пресекоа патот на над 500 планинари на индонезискиот остров Ломбок. Еден ден по земјотресот се прават обиди за нивно спасување. Акцијата не е едноставна.

https://p.dw.com/p/32JSn
Indonesien Lombok Vulkan Rinjani
Вулканот на планината РинџаниФотографија: picture-alliance/dpa/C. Mohr

По тешкиот земјотрес на индонезискиот туристички остров Ламбок, неколку стотици планинари се заглавени кај еден активен вулкан. Погодени се 560 туристи и планинарски водичи, соопшти шефот на националниот парк Ринџани, Судијоно. Патот на туристите им го пресекле кал и други наноси, предизвикани од земјотресот. Планинарските патеки се блокирани. Испратени се хеликоптери и спасувачки екипи кои ја пребаруваат планината Ринџани.

Според досегашните информации, меѓу планинарите има голем број туристи од Франција и Холандија. Засега нема информации за заглавени германски туристи.

Indonesien Lombok Rettungsaktion für Wanderer
Спасувачките екипи имаат тешка задачаФотографија: picture-alliance/AP Photo

Во земјотресот кој вчера го погоди соседниот остров Бали, загинаа најмалку 14 лица. Меѓу загинатите е и најмалку една туристка, за која се вели дека е 30-годишна жена од Малезија. Најголемиот дел од жртвите се мештани. Оштетени се повеќе од илјада објекти, од кои голем дел се сосема уништени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, кој е геолошки најактивна зона на Земјата. Таму постојано има земјотреси и ерупција на вулкани.