1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Земјотресот во Италија остави илјадници бездомници

БГ/дпа/афп21 мај 2012

Илјадници луѓе кои останаа без покрив над главата по земјотресот кој вчера ја погоди северна Италија ноќта ја минаа во автомобилите или во привремени засолништа.

https://p.dw.com/p/14zFg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала кој го погоди густо населениот индустриски регион Емилија Ромања, загинаа седум луѓе, а повеќе од 50 беа повредени. Првичните податоци се дека најмалку три илјади луѓе останале брз своите домови.

Најголемиот дел од жителите на Ферара се плашат да се вратат во своите домови или пак да престојуваат во близина на згради, поради страв од уривање на старите ѕидови. Од вчера до денеска биле регистрирани повеќе од 100 помали земјотреси во регионот.

Во регионот се испратени 650 спасувачи, но нивната работа е отежната поради големото невреме кое владее, проследено со поројни дождови и силен ветар.

Земјотресот погоди повеќе помали градчиња во близина на Болоња, но најтешко разурнат е Ферара, кој се наоѓа под заштита на Унеско поради своите ренесансни градби. Потресот беше со слична јачина како и оној од април 2009. година кој го погоди градот Аквила при што загинаа повеќе од 300 луѓе, а 60 илјади останаа без своите домови.

Italien Erdbeben Krankenhaus
Фотографија: picture-alliance/dpa

Италијанскиот премиер Марио Монти ја прекина посетата на САД, каде учествуваше на самитот на НАТО, за да раководи со кризните операции.