1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Земјотрес во Индонезија - расте бројот на жртвите

6 август 2018

Индонезискиот туристички остров Ломбок е погоден од силен земјотрес во кој загинаа најмалку 142 лица. Погоден е и соседниот остров Бали.

https://p.dw.com/p/32f69
Indonesien nach dem Erdbeben in Lombok zertörte Häuser
Фотографија: Reuters/Antara Foto/A. Subaidi

Во новиот земјотрес со јачина од 7 степени кој се случи синоќа на индонезискиот туристички остров Ломбок, бројот на жртвите постојано расте, потврдена е смртта на најмалку 142 лица. Стотици повредени има и на соседниот остров Бали. Нема информации дали меѓу загинатите има и туристи. Потресот се случил околу 20 часот вечерта по локално време, а епицентарот се наоѓа на 15 километри длабочина во морето, на 18 километри североисточно од Ломбок. Илјадници луѓе ги напуштиле своите домови во паника, ноќта ја поминале на отворено. Од дел од летувалиштата се евакуирани туристите. Фотографиите и видеата во индонезиските медиуми прикажуваат сцени на пустош на островот мнозински населен со муслимани. Најголем дел од луѓето загинале при уривање на куќите, соопшти портпарол на Министерството за заштита од катастрофи. Денеска се регистрирани уште неколку последователни потреси, а во меѓувреме е повлечен дадениот предупредувачки сигнал за опасност од цунами. 

Indonesien nach dem Erdbeben in Lombok
Се стравува дека бројот на жртвите ќе растеФотографија: picture-alliance/AA/J. Delita

Островот Ломбок беше погоден од земјотрес со сила од 6,4 степени минатата недела, во него загинаа 16 лица, а преку 350 беа повредени. Индонезија се наоѓа во геолошки најактивната зона на земјината површина, постојано доаѓа до потреси и избувнување на вулкани.