1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кушнер сондирал тајна комуникациска врска со Русија

ЖА
27 мај 2017

На виделина излегуваат сѐ повеќе детали за руските контакти на Доналд Трамп во изборната кампања. Во фокусот сега е зетот и советник на Трамп, Џеред Кушнер.

https://p.dw.com/p/2dffO
USA Jared Kushner Berater und Schwiegersohn von Donald Trump
Фотографија: Reuters/K. Lamarque

Како што известува „Вашингтон пост“, Џеред Кушнер имал контакти со Русија, а дури сондирал и можност за постоење тајна комуникациска врска со Кремљ. На таа тема тој разговарал со рускиот амбасадор во САД, Сергеј Кисљак, пишува весникот.

На почетокот на декември, Кушнер на средбата со Кисљак во зградата Трамп тауер во Њујорк предложил инсталирање таен комуникациски уред во руската амабасада во САД, преку кој би се одвивала комуникацијата на безбеден начин. Во тој момент новоизбраниот претседател Доналд Трамп сѐуште ја немаше преземено функцијата. Извор на информациите на весникот се снимки направени од Русите. Неодамна назначениот специјален обвинител, бившиот шеф на ФБИ, Роберт Милер треба да одговори на прашањето дали тимот на Трамп бил вовлечен во евентуално руско влијание врз американската претседателска кампања.

Кушнер, кој е сопруг на ќерката на Трамп, Иванка, е истовремено и советник на американскиот претседател во внатрешно- и надворешнополитички прашања. Тој првично ја одрекол средбата со Кисљак, но подоцна сепак ја признал. За 36-годишниот Кушнер во меѓувреме се смета дека е важна личност во претпоставуваните руски врски на Доналд Трамп