1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Златна зора сака да учествува на изборите во мај

Александар Методијев/дв/миа2 февруари 2014

Грчката партија Златна зора зака да учествува на локалните и изборите за Европскиот парламент, кои треба да се одржат во мај, и покрај заканите за забрана на партијата.

https://p.dw.com/p/1B1Tt
Фотографија: ap

Илијас Касидијарис, пратеник и портпарол на партијата, вчера вечер (01.02.2014) соопшти пред околу 3.000 поддржувачи на Златна зора во Атина дека тој ќе најде начин за учество на претстојните избори во Грција.

„Ќе учествуваме на изборите на еден или друг начин“, рече Касидијарис, кој е најистакнатиот член на партијата, откако нејзиниот лидер беше уапсен.

Тој на насобраниот народ му соопшти дека ако партијата Златна зора биде забранета, како резервна варијанта, е формирана Национална зора.

„Патриотите ќе имаат партија за која ќе гласаат на следните избори ако властите ја реализираат намерата за забрана на Златна зора“, рече Касидијарис.

Собирот беше одбележување на спорот меѓу Грција и Турција од 1996 година за островче. Тогаш загинаа тројца членови на морнарицата и двете земји беа доведени на раб на војна.

Партијата има поддршка на анкетите

Партијата се соочува со забрана, откако грчки јавен обвинител во извештај ја нарече „криминална организација“, која е одговорна за спроведување на бројни напади, од кои некои со фатални последици. Нападите посебно се извршувани врз мигранти. Освен партискиот лидер, пет други членови се во затвор како дел од владината истрага за обвинувањата за криминални активности на партијата. Оваа партија во Грција е наречена и неонацистичка и фашистичка партија, а како симбол ја има свастиката.

Parteilogo / Goldene Morgenröte / Griechenland
Партиското лого на Златна зораФотографија: dpa/Art of Focus

И покрај тоа, таа останува третата најполуларна партија во Грција и се очекува, доколку учествува на мајските избори, да постигне добар резултат, имајќи го предвид гневот на Грците кон владините кратења. Последните анкети покажаа дека, доколку изборите би се одржале сега, Златна зора би добила меѓу 8,9 и 10,3 проценти од гласовите.

Касидијарис, кој сака да стане градоначалник на Атина, рече дека притворањата на врвни членови на Златна зора нема да ја запрat партијата да дејствува.

„Тие не’ ставаат во затвор. И, што се случи? Дали ослабнавме? Не. Ние сме посилни, ние сме помоќни и за кратко време ќе бидеме на власт“, оцени Касидијарис.

По овој собир, десничарите мирно се разотидоа, но учесниците на левичарскиот контра-протест на плоштадот Синтагма во Атина нападнаа еден човек и полесно го повредија. Полицијата на тоа реагираше со шок бомби и солзавец за да се растера левичарскиот собир. Демонстрантите од контра-протестот потоа почнаа да ги палат контејнерите за отпад.