1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Злосторство кое го промени индиското општество

АТ/ СП(ард)/ дпа16 декември 2013

На денешен ден пред една година беше силувана една млада девојка во Њу Делхи. Овој настан го дигна на нозе идниското општество. Иако масовните протести денес се минато, дебатата за општествените односи е отворена.

https://p.dw.com/p/1AaN7
Фотографија: Reuters

Една година по групното силување со смртни последици во Њу Делхи, голем број луѓе во главниот град на Индија ѝ оддадоа почит на жртвата. На плоштадот Јантар Мантар, каде во изминатата година илјадници протестираа против угнетувањето на жените во Индија, демонстрантите запалија свеќи. Други ја следеа рутата по која возеше автобусот, додека 23 годишната девојка била злоставувана. Освен ова треба да се одржат и повеќе концерти на симболични места, како на пример на раскрсницата, на која студентката и нејзиниот пријател пред една година излегоа од автобусот.

Младата Индијка на 16. декември 2012 година беше силувана и измачувана. Речиси две недели по овој настан таа им подлегна на повредите и почина во болница.

Притисокот од улица подоцна доведе до построги закони, а четворица од шестмината сторители, како убијци, беа осудени на смрт.

Indien Jahrestag Gruppenvergewaltigung
Фотографија: Reuters

За разлика од небројни други сексуални деликти пред и по овој настан, групното силување во Њу Делхи го погоди нервот на општеството. Сите важни медиуми за првпат постојано известуваа за настанот, по што падна ѕидот на молкот.

Една година подоцна емоционалните масовни протести се минато. Меѓутоа пред сѐ младите луѓе, односно градската средна класа до денес се погрижи за тоа да не замре поттикнатата општествена дебата: „Ние сакаме вистинска промена за да спасиме животи. Ние сакаме праведност. Доволно е. Но, се случува и понатаму! Секој ден!“, извикуваа младите демонстранти. Дискусијата се продлабочи и веќе не станува збор само за смртната казна за силувачите, имено младите индиски активистки се ангажираат за рамноправност во идниското општество.