1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЗНМ подготвен на дијалог со власта

БГ/миа4 март 2013

Здружението на македонските новинари соопшти дека ќе го продолжи дијалогот со властите во Скопје откако ќе се расветли инцидентот од 24 декември, кога новинарите беа насила истерани од собраниската галерија.

https://p.dw.com/p/17pnF
Фотографија: MAKFAX

Здружението на новинари на Македонија е подготвено да го обнови дијалогот со властите штом се расветли инцидентот со новинарите од 24 декември и се утврди одговорност за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија.

Ова е ставот на ЗНМ, откако со петочниот договор за надминување на политичката криза беше изразена подготвеност за продолжување на дијалогот на властите со новинарите.

„ЗНМ, како легитимен претставник на новинарите, е подготвено да го обнови дијалогот штом надлежните институции го расветлат инцидентот со новинарите и утврдат одговорност за оној што го нареди нивното исфрлање од собраниската галерија. Со тоа ќе се покаже дека во Македонија се почитува слободата на изразувањето и дека секое прекршување ќе се казни.

Потсетуваме дека целта на дијалогот беше да ја зајакнеме слобода на изразување и во никој случај не може да биде покритие за нејзиното прекршување“, велат од ЗНМ.