1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто е Кремљ нервозен на демонстрациите?

11 јуни 2007

Коментар на Естер Хартбрих

https://p.dw.com/p/AqQw
Зошто Путин не е подеднакво вешт и на домашен шлан?Фотографија: AP

Рускиот претседател Владимир Путин цврсто седи во седлото. Ако и по третпат се кандидира, сигурно му е огромно мнозинство гласови. Спроти него е слабата и поделена опозиција што руските граѓани скептично ја посматраат. И покрај тоа, Кремљ нервозно реагира на демонстрациите.

Самоувереноста, вештината и суверенитетот со кој настапува рускиот претседател Путин на меѓународниот паркет, на пример во Хајлигендам, му недостигаат на внатрешно-политички план и во одност кон опозицијата. Во саботата, на демонстрациите на неговите противници во Санкт Петерсбург се беше како и порано: малку демонстранти, многу полиција и војници на министерството за внатрешни работи. Па сепак, овојпат во Санкт Петерсбург не се случи само манифестација, туку беше дозволен и марш, иако ограничен на само 500 учесници. Маршираа повеќе, а сепак силите за безбедност не настапија и демонстарциите минаа мирно. Ниту имаше ќотек, ниту масовни апсења. Зошто не е секогаш така?

Руското раководство едноставно би можело да ја игнорира слабата и поделена опозиција, но не го прави тоа и се обидува со сите сили да ја потисне. Високите пречки за регистрирање партија и за учество на избори, како и клаузулата од 7 проценти за влез во парламентот, за опозицијата се скоро невозможни. Сојузот „Поинаква Русија„ кој пред парламентарните и претседателските избори излегува по улиците, бара слободни избори и земја без сиромаштија и корупција најчесто се шиканира и тепа. Тоа нејзините приврзеници ги претвора во маченици и им обезбедува внимание во странство што доминантно го надминува нејзиното значење дома. Зашто руското население скептично ги посматра опозиционите партии и движења. Ако тие дојдат на власт, како што често се слуша, нема да има промени, туку тие ќе мислат само на себе. Освен тоа, поддршката за претседателот Путин е огромна. Ако настапи и по трепат за функцијата претседател, што според уставот не е можно, обезбедено му е огромно мнозинство. Зошто тогаш Кремљ реагира толку нервозно на демонстрациите кои се само убод на комарец? Дали вистина страхува од опозицијата, како што тврди таа? Во тој случај, раководството не седи толку цврсто на седлото како што тврди. Таквото однесување, се чини, побргу е последица на менталитетот „тајна служба„ од кој не можат да се ослободат Путин и други политичари. Насекаде гледаат предавство на државата, шпионажа и пучистички активности, можно финансирани од Запад, и постојано се под принуда врз се да имаат контрола.

Естер Хартбрих