1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Ибрахимовиќ се збогува од ПСЖ

БГ/ртр13 мај 2016

Легендарниот шведски напаѓач соопшти дека си заминува од францускиот првак ПСЖ на крајот на сезоната. Следната станица непозната. Се шпекулира со англиската премиер лига или со САД.

https://p.dw.com/p/1InRN
Фотографија: picture-alliance/dpa/EPA/Y. Valat

„Утре е мојот последен натпревар на Паркот на принцовите. Дојдов како крал, заминувам како легенда“, напиша Златан Ибрахимовиќ на својот Твитер профил.

Ибрахимовиќ се збогува од ПСЖ

34-годишниот шведски репрезентативец стекна статус на легенда во европскиот фудбал. Освојуваше шапмионски титули во четири национални првенства со Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона и ПСЖ.

Fußballspieler Zlatan Ibrahimovic
Во дресот на ЈувентусФотографија: picture-alliance/dpa/A. Falzone

Роден во шведскиот Малме од татко Босанец и мајка Хрватка, Ибрахимовиќ имаше извонредна кариера во која, освен со головите, вниманието го привлекуваше и со контроверзните и не секогаш скромни изјави.

„Едно нешто е сигурно. Светско првенство без мене не вреди да се гледа“, изјави Ибрахимовиќ, откако Шведска не успеа да се пласира на СП во Бразил во 2014 година.

Spanien FC Barcelona Guardiola und Ibrahimovic
Ибрахимовиќ и Пеп Гвардиола во Барселона.Фотографија: picture-alliance/dpa/Gruppo/S. Lau

Летово тој сепак ќе има можност да ги покаже своите квалитети на ЕП во Франција.

Шпекулациите во спортскиот печат велат дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Англија или во САД.