1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ибрахим Гамбари повторно во Мијанмар

3 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/C0gf

Речиси еден месец по крвавото задушување на мирните протести во Мијанмар од страна на воените режим во земјата , таму по вторпат допатува специјалниот пратеник на ОН за регионот Ибрахим Гамбари. Тој притоа ќе води разговори со военото раководство на земјата. Со посетата на Гамбари , би требало да се надмине спорот меѓу владата на Мијанмар и ОН откако вчера највисокито дипломат на Светската Организација во земјата, Чарлс Петри беше прогласен за непожелна личност. Петри ќестопати отворено го критикуваше режимот и му ја припишуваше вината за сиромаштијата во земјата.