1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изборите под будно око на Стразбур

Тони Гламчевски19 март 2009

Советот на Европа ќе испрати две делегации кои ќе ги следат изборите во Македонија. Стразбур се надева дека овој пат нема да се повторат неправилностите од претходните изборни процеси.

https://p.dw.com/p/HFNC
Советот на Европа во СтразбурФотографија: picture-alliance / dpa

Советот на Европа со големо внимание ќе ги следи изборите во Македонија. Потврда на важноста која Стразбур им ја дава на овие избори е испраќањето на две делегации за набљудување на изборниот процес. Првата е од Парламентарното Собрание и втората од Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа. Нивната цел е да се уверат дали овој пат ќе има квалитетна демократска дебата, својствена за една земја членка на Советот на Европа. Од овие избори, како што се нагласува во Стразбур, зависи иднината на земјата.

Потребна е клима на доверба

Делегацијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа веќе беше во предизборна мисија во Македонија. Во таа прилика беше изразена загриженост што сите одговорни за насилничките акти и нерегуларностите забележани на ланските избори сé уште не биле идентификувани и изведени пред лицето на правдата. Парламентарците ги поздравија напорите на властите за разрешување на сериозните проблеми, кои фрлија дамка на последните парламентрани избори. Тие притоа оценија дека измената на постоечките закони не е доволна и дека секоја законодавна промена треба да биде одраз на волјата на сите политички актери и заеднци во земјата, како предуслов за воспоставување клима на доверба.

Локалните избори во фокусот

Делегацијата на Парламентарното Собрание изрази извесна загриженост и околу точноста на гласачките списоци. Жан-Филип Бозулс, шеф на службата и извршен секретар на одделот за локани власти во Советот на Европа изјави дека мисијата ќе биде концентрирана на локалните избори, бидејќи тоа била нивната улога. Делегацијата на Конгресот ќе биде присутна на повеќе гласачки места каде се претпоставува дека можат да се забележат евентуални проблеми. Тие досега најавија присуство во Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Струмица. За текот на изборите тие ќе изработат извештај кој ќе биде разгледан на идната сесија на Конгресот. Со оглед дека на минатите локални избори беа забележани пред се проблеми со групното гласање, гласањето на жените и не секогаш гарантираната анонимност, тоа ќе бидат дел од елементите на кои ќе се концетрира делегацијата на Конгерсот.

Масовно учество на гласачите

Wahllokal in Mazedonien
Се бара масовност на гласачитеФотографија: picture-alliance

Покрај барањето за регуларни и фер изборен процес, Стразбур бара и масовно учество на македонските гласачи, не само поради легитимноста на демократијата, туку пред се поради впечатокот кој треба да гоостават во Европа. Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Еевропа, Луи Мариа де Пуч смета дека тоа ќе претставува одраз на зрелоста на Македонија виз-а-ви Европа, посебно кон старите европски демократии кои имаат навика да учествуваат на избори. „Од овие избори зависи иднината на земјата. Се надевам дека изборите ќе бидат позитивни за иднината на Македонија и со тоа за иднината на Европа“, изјави Пуч.