1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори во Пакистан во средината на фебруари

3 јануари 2008

По убиството на опозиционата политичарка Беназир Буто, парламентрните избори во Пакистан се одложени за шест недели. Претседателот Первез Мушараф ја поддржа одлуката на изборната комисија.

https://p.dw.com/p/Cjeh
Первез Мушарав во телевизиското обраќање до нацијатаФотографија: AP/Pakistan Press Information Department

По повеќедневна неизвесност и интензивни политички дебати пакистанската комисија вчера попладне ја објави својата одлука. Во Исламабад шефот на комисијата Мохамед Фарок објави дека изборите се одложуваат од 8 јануари за 18 февруари


Шефот на изборната комисија појасни дека одложувањето на изборите е резултатат по убиството на опозиционата политичарка. „По убиството на Беназир Буто запре изборниот процес во сите провинции во Пакистан. Само во провинцијата Синд изгорени се единаесет изборни канцеларии. Таму се уништени избирачките места, избирачките регистри и листите на помошниците на изборите.“

Мушараф ја поддржува одлуката за одложување на изборите

Дека оддржување на изборите на 8 јануари не е изводливо смета и претседателот Первез Мушараф. Во неговото прво телевизиско обраќање по убиството на политичарката Беназир Буто истакна „Уништени се изборните канцеларии, но и железничките станици, транспортните и логистичките системи. Уништени се редот и мирот. Затоа е неопходно поместување на терминот за избори. Одлуката на изборната комнисија е целосно исправна“ рече Мушараф и најави дека до изборите освен полицијата за оддржување на безбедноста во земјата ќе се грижи и армијата.

Опозицијата за избори на 8 јануари

Двете големи опозициони партии, Народната партија на Буто и Муслиманската лига на поранешниот премиер Наваз Шариф до последен момент се залагаа изборите да се оддржат според планираното на 8 јануари. Но по обавувањето на одлуката, вице претседтелот на Народната партија, сопругот на Беназир Буто, Зардари објави дека партијата ќе учествува на изборите и не сака конфорнтации.

Сепак набљудувачите и опзиционерите стравуваат од нови насилни судири со почетокот на месецот на жалоста Мухарам, кога секоја година се случуваат судири меѓу шиитите и сунитите во Пакистан. Претседателот Мушараф во своето телевизиско обраќање истакна и дека за убиството на Буто одговорни се терористи блиски до Ал Каеда, и најави дека во истрагата на атентатот ќе бидат вклучени и експерти на Скотланд Јард.