1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори сепак ќе има

12 ноември 2007

Осум дена по воведувањето вонредна состојба,пакистанскиот претседател Мушарав најави одржување на парламентарните избори на 9 јануари наредната година.Оваа најава на Мушарав, поздравена од меѓународната заедница.

https://p.dw.com/p/CAQe
Фотографија: AP

Шефот на пакистанската армија и претседател на државата Первез Мушарав изненадувачки попушти пред барањата на опоаицијара во земјата и на меѓународната заедница и се врати на првобитниот план за одржување на парламентарни избори

Американската министера за надворешни работи Кондолиза Рајс ја поздрави најавата на Мушарав но истовремено заамериканската телевизија ЕјБи Си изјави дека вонредната состојба мора да биде укината :

„Позитивен елемент тука е тоа што изборите ќе се одржат многу бргу а и тоа дека претседателот изјави дека ќе ја соблече својата воена униформа . Овие две работи се суштински важни за враќањето на Паакистан назат на демократскиот пат. Очигледно истотака охрабруваме да биде укината вонредната состојба во земјата и тоа, што е можно побргу“

Во саботата американскиот претседател Џорџ Буш по разговорите со германската канцеларка Ангела Меркел на неговиот ранч во Крофорд Тексас ја демонстрираше својата доверба во пакистанскиот претседател потенцирајќи дека Мушарав е сојузник на САД во борбата против тероризмот:

„Претседателот Мушарав , веднаш по нападите на 11 септември 2001-ва , донесе одлука , да застане заедно со САД против екстремистите во Пакистан . Тој целосно ги разбира опасностите од Ал Каеда “

Инаку одлуката на Мушарав за одржување парламентарни избори во земјата на 9 јануари мора да ја потврди изборната Комисија која е задолжена за прецизирање на терминот на гласањето . Пакистанскиот претседател навести дека нема намера да ја прекина вонредната состојба што ја смета за неопходна мерка за обезбедување на мирот во земјата нои соодветни услови за одржување на изборите:

„ Таа ќе обезбеди апсолутно фер и транспарентни избори , бидејќи ние нема да се мешаме во изборниот процес . Би сакале да дојдат и набљудувачи од надвор за да го видат тој фер процес . Но доколку има такви кои ги реметат редот и мирот и сакаат да создадат анархија во Пакистан, ние нема да го дозволимке тоа во име на изборите , во има на демократијата“- изјави Мушарав.