1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Избори – Сиера Леоне

11 август 2007

*

https://p.dw.com/p/BTDg

Во Сиера Леоне денеска се одржуваат избори, први по повлекувањето на мировната мисија на ОН од таа земја пред две години. Парламентарните и претседателските избори важат како тест за напредокот во изградбата на земјата и процесот на помирување по долгата граѓанска војна во една од најсиромашните земји во светот. Фаворити за функцијата претседател се актуелниот вице-претседател, Соломон Берева од владеачката Народна партија и претседателот на најголемата опозициона партија, Ернест Баи Корома.