1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештајот на ЕК е објективен оцени владата во Скопје

Горан Петрески 5 ноември 2007

Извештајот на Европската комисија е објективен и ја отсликува реалната состојба во Македонија - оценија денеска во Скопје високи владини претставници, ден пред неговото официјално објавување во Брисел.

https://p.dw.com/p/C2uY
ЕУФотографија: European Communities

Македонската влада позитивно ги чита внимателно одбраните дипломатски фрази што ги донесува извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, што официјално ќе биде објавен утре. Во извештајот најголем напредок е нотиран во економијата, а како црни дамки и годинава се посочуваат судството и јавната админситрација.