1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Извештај за способноста на ирачките сили за безбедност

28 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B47p

Ирачките сили за безбедност и покрај милијардите долари американска помош и обука сеуште немаат капацитет да обезбедат мир и стабилност во земјата, се вели во последниот извештај на американскиот конгрес. Во документот, потпишан од 16 претставници на демократите и републиканците, се вели дека Пентагон треба подобро да го информира Конгресот за начинот на кој се врши обуката на ирачките сили за безбедност. Инаку обуката е главна точка во стратегијата на американскиот претседател Џорџ Буш кој неколкупати нагласи дека САД нема да се повлечат од земјата се додека ирачката полиција не биде способна за самостојно функционирање.