Изгубени надежите за пронаоѓање на затрупаните рудари во Јута
20 август 2007Реклама
Шестемина рудари кои веќе 14 затрупани во рудник за јаглен во американската сојузна држава Јута, можеби никогаш нема да бидат пронајдени - соопшти управата на рудникот. Ниту четвртиот обид за пронаоѓање знаци дека рударите се живи не донел успех:
„ Видео снимката што ја направивме во четвртиот обид не покажа никакви знаци од рударите –истакна Ричард Стиклер од управата на рудникот чие окно се урна пред две недели како последица на послаб земјотрес чиј епицентар се наоѓал на оддалеченост од 30-тина километри .