1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Излет во секојдневието

15 април 2010

Запознајте ја Германија преку луѓето што живеат овде! Луѓе од различни сфери на живеењето, од Алпите до Балтичкото море, раскажуваат за својата работа, својот живот, своите соништа.

https://p.dw.com/p/MwsA
Али Алмаклафи од Јемен се сретна со фризерката Марион ЕсерФотографија: DW

Анголка среќава сточар, Јеменец интервјуира фризерка, Кинеска портретира службеничка – три примери на интеркултурно среќавање од пријателски вид: репортерите на Дојче веле од цел свет заминаа во експедиции во германското секојдневие.

Од нив произлегоа „Лицата на Германија“ – портрети на луѓе од сите сфери на живеење на просторот меѓу Кил и Кимското езеро, од сточар до заболекар. Со поглед однадвор, постојано љубопитен и понекогаш вчудовидувачки, репортерите на Дојче веле го документираат животот на луѓето во Германија – како живеат, работат и што сонуваат. Изборот на 40 протагонисти е направен според статистички критериуми, зашто збирот на портретите треба да даде слика на германското општество како целина.

Погледите во германското живеење се објавени на 24 јазици, од арапски, преку кинески, до кисвахили и руски. Притоа, не станува збор само за радио-репортажи, туку протагонистите се претставени и преку галерии со слики и интернет-текстови. Тие, во прашалниците даваат информации за себе, и понекогаш дури ги кажуваат и рецептите на своите омилени јадења. Со овој проект Дојче веле отвора прозорец кон Германија преку луѓето што овде живеат!

Автор: Матијас фон Хајн

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска