1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Изненадување во германскиот футбалски куп

5 февруари 2004
https://p.dw.com/p/AeoD
Бранителот на титулата првак во Бундеслигата, Бајерн Минхен, беше поразен од второлигашот Алеманиа Ахен со 1 спрема 2.

"Бидејќи ние веројатно игравме подобро од она што е наша нормална форма, а Минхенците не успеаја да се снајдат во играта. Тоа е единствениот одговор што можам да го дадам" - изјави стрелецот на победничкиот гол за Алеманиа, Ерик Мајер, запрашан за причината на ова изненадување.

Претседателот на Бајерн-Минхен, славниот Франц Бекенбауер, покажа должна почит за победничкиот тим од Ахен:

"Така како што денеска играа, тие секако ја заслужуваат победата. Им честитам од страна на Бајерн."

Помалку помирлив и со респект се покажа голгетерот на Бајерн, Михаел Балак, кој го постигна и единствениот гол за поразената екипа:

"Разочарувањето е секако големо и ништо не ни помага да тагуваме... сега мораме да ја подобриме нашата форма, инаку нема да победиме ни во наредните натпревари."

Во полуфиналето кон средината на март Алеманиа Ахен ја очекува уште еден прволигаш - Борусија Менхенгладбах. И во вториот полуфинален натпревар се среќаваат тимови од првата и втората лига: актуелниот лидер на табелата во Бунделигата, Вердер Бремен ќе игра против тимот на Либек.