1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израелскиот премиер под обвинување за корупција

2 март 2007

Внатрешно-политичката криза во Израел се заострува од ден на ден.

https://p.dw.com/p/Adst
Не му е лесно: премиерот на Израел Ехуд Олмерт
Не му е лесно: премиерот на Израел Ехуд ОлмертФотографија: AP

Претседателот на државата Моше Кацав мораше да ја стави во мирување фуникцијата поради обвинувања за сексуално злоставување. Министерката за туризам Естерина Тартман се откажа од функцијата уште пред вистински да ја преземе поради обвинувања дека ги фалсификувала документите за академското образувание. А и на премиерот Ехуд Олмерт му се ниша фотељата: тој е под обвинување за корупција. Клеменс Ференкоте испрати преглед на најновите настани во Израел на овој план.

„Каналот 10 открива дека индустријата на корупција на Олмерт уште додека беше министер била и писмено документирана. Документите покажуваат преку 100 случаи на делење работни места и користење државни ресурси„ – вака јавува за корупцискиот скандал на актуелниот премиер израелската ТВ станица Канал 10.

Извор на најновите информации е поранешен советник на Олмерт од времето кога бил министер за трговија. Тој изготви список на 115 членови на Централниот комитет на тогаш владеачката партија Ликуд, како и нивни членови на семејството или пријатели, на кои соодветни услуги им направил министерот Олмерт. Тој тогаш уште и‘ припаѓал на Ликуд партијата, исто како и премиерот Ариел Шарон. Ваквите постапки на Олмерт биле еден вид инвестиција во подобри шанси за успон во партиската хиерархија спроти претстојните парламентарни избори. Тој сакал да им докаже на водечки члемнови на Централниот комитет на партијата дека е во состојба да стори нешто за нив и за нивните најблиски.

На јавувањето на Каналот 10 му уследи лавина статии во израелските весници. На тоа премиерот се обиде да се одбрани на следниот начин:

„Не можам да се сетам дека сум напишал таков документ, ниту дека некого сум го овластил да направи такво нешто. Има многу барања на граѓани и члемнови на Централниот комитет кои се жалат на пример на проблерми со бирократијата. Во се‘ што сме правеле, се придржувавме кон правните совети на советникот на владата„ – нагласи Ехуд Олмерт.