Израел – апсења
29 мај 2007Реклама
Израелските војници уапсија пратеник на палестинскиот парламент од редовите на организацијата Фатах. Според палестински извори тој бил уапсен во бегалскиот камп во Наблус. Ова е прв пратеник од редовите на движењето на претседателот Махмуд Абас што го апси изралеската армија. Претходно беа лишени од слобода десетина палестински парламентарци од редовите на радикалното движење Хамаз поради продолжувањето на ракетните напади на припадници на ова движење врз израелските градови.