1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел – армија

22 април 2007
https://p.dw.com/p/AgBs

Израелската армија во една акција на Западниот брег уби 17 годишно палестинско девојче. Според наводи на лекарите, девојчето загинало кога војниците со џипови влегле во кампот за бегалци, Џенин. Во други акции на армијата на Западниот брег и во појасот Газа, загинаа уште петмина Палестинци. Израелското радио јави дека од палестински ракети испукани врз градот Здерот, повредени биле шест лица.