1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел моли за германска помош за ослободување на грабнатите војници

20 јули 2006

Либанскиот премиер Синиора бара меѓународна подршка за разоружување на Хезболах

https://p.dw.com/p/Adzh
Последици на израелското бомбардирање
Последици на израелското бомбардирањеФотографија: AP

Израелското министерство за надворешни работи ја замоли германската влада за помош за ослободување на двајцата израелски војници што беа грабнати во Либан. Германија игра централна улога, и во минатото играше конструктивна улога кога се во прашање заложници или грабнати војници, изјави портпаролот на Министерството Јигал Палмор изутрината за Втората програма на германската телевизија. „Сега е време истите функционери од Германија повторно да се активираат“ рече тој.

Германската влада пред две години посредуваше при размената на затвореници меѓу радикално-исламистичката организација Хезболах и Израел. Притоа централна улога играа сегшниот министер за надворешни рабори Франк-Валтер Штајнмаер и шефот на германската разузнавачка служна БНД Ернст Урлау.

Либанскиот премиер Фуад Синиора ја замоли меѓународната заедница за подршка при разоружувањето на милициите на Хезболах. „Хезболах стана држава во држава, ние тоа добро го знаеме и тоа е голем проблем. Јавна тајна е дека орагнизацијата се ориентира според политичките претстави на Дамаск и Техеран“ - вели Синиора за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Пред разоружувањето на Хезболах, според либанскиот премиер, Израел мора да ги запре, како што се изрази, „злосторничките бомбардирања“.

Русија побара примирје меѓу Израел и Хезболах. Тој чекор е поитно потребен од сите други, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за весникот „Комерсант“.