1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел привремено ја одложува проширената офанзива

11 август 2006

Од владини кругови вчера беше соопштено дека воената акција е стопирана за два три дена,за да и се даде шанса на дипломатијата.

https://p.dw.com/p/Adyl
Израелски тенк во Либан
Израелски тенк во ЛибанФотографија: AP

Израелскиот министер за одбрана Амир Перец е горд на неговата армија и на задачата која таа ја извршува.Ако во следните денови биде постигнато примирје за запирање на четиринеделната ботба меѓу Израел и Либан,тоа би бил успех за израелските трупи,смета Перец.Ќе се види дека воената операција на Израел успеала во создавање клима за дипломатијата и нова ситуација.

По вкупно 1100 мртви во крвавиот конфликт,овие зборови за оние отстрана изгледаат чудно.Но,тие покажуваат дека Израел има сосема поинаков поглед на кризата.Тоа важи и за заклучоците на Кабинетот за безбедност,кој во средата се согласи со проширена офанзив во Јужен Либан.Стануваше збор за 30 илјади војници,но планот нема да биде реализиран во следниве неколку дена,изјави израелскиот министер Дихтер за националното радио:

-Операцијата треба да постигне одредена цел,до која мож

Е да се дојде дипломатски или воено.Дипломатското решение секогаш има предност.Премиерот и министерот за одбрана решаваат за временскиот план на операцијата.

Израелската влада очигледно со проширената копнена офанзива пронајде средство за притисок врз меѓународната заедница.Но,веројатно премиерот Олмерт и министерот за одбрана Перец се малку воздржани поради реакцијата од САД.Портпаролот на американскиот претседател изјави дека натамошна ескалација не е во интерес на американската влада.

Со оглед дека борбите не престануваат,а ниту нападите од Хезболах,Израел веројатно ќе се реши за проширената копнена офанзива,вели министерот Дихтер:

-Бидејќи од либанска страна не постои видлива намера за прекин на рекетирањето,не би требало да се очекува од државата Израел својата одлука да ја врзува за нешто друго освен за фактот дека не постои дипломатски излез и затоа изборот паѓа на борба.

Меѓународната заедница има време од два или можеби три дена.Но,и да биде усвоена резолуција,нема да бидат одговорени сите прашања.Израел бара дипломатско решение кое ќе значи мир и стабилност во регионот на подолго време.

Стравувањето е дека со овој аргумент може да биде одбиен речиси секој компромис во ОН.