1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел се согласи на 48 часовен прекин воздушните напади

31 јули 2006

Израел се согласи на 48 часовен прекин на воздушните напади на југот на Либан. Ова го потврди портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Адам Ерели. Ова следи по најкрвавиот напад досега во дваесетневните броби во кој загинаа над 60 цивили.

https://p.dw.com/p/Ac4Y
Слики од Кана
Слики од КанаФотографија: picture-alliance/dpa

Вашингтон го притисна Тел Авив. „Израел прифати на 48 часа да ги прекине воздушните активности“, изјави портпаролот на американскиот Стејт Департмент Ерели откако американскиот државен секретар Рајс вчера имаше повторно состаноци со израелскиот премиер Олмерт и со нејзината колешка по функција Ципи Ливни во Ерусалим. Договорено е и во следните 24 часа

Израел заедно со ОН да обезбеди и „безбеден коридор“ за цивилите кои сакаат да го напуштат југот на Либан, како и да се достави хуманитарна помош.

Според Ерели, прекинот на нападите ќе биде и шанса за истрага на вчерашниот крвав напад на селото Кана. Според последните информации таму загинале 60 лица, а од нив 37 биле деца.

Згрозен од нападот во Кана претставникот на Хјуман рајтс воч, Питер Букерт кој е во Бејрут настапи со остра реакција :

„Нападот во Кана не беше ниту случаен инцидент ниту грешка. Тоа е само продолжување на политиката на Израел да ги крши Женевските конвенции за човекови права и нивната неспособност да направат разлика меѓу цивилни и воени цели. Секој ден бележиме напади против цивилни домови и автомобили во кои гинат само цивили, а не војници на Хезболах“. Тој додаде и дека Израел мора да им обезбеди начин на невиното население во Либан да може да се евакуира од југот на земјата.

Во дваесетдневните борби досега загинале над 600 луѓе, поголемиот дел од нив цивили.