1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел уапси уште еден палестински министер

26 мај 2007
https://p.dw.com/p/AnvM

Израелската армија утринава уапси уште еден алестински министер, кој е член на Хамас. Вафси Каба е вториот министер кој се најде зад решетки во изминативе десетина дена од кога започна израелската акција во појасот Газа. Претходно најмалку две лица загинаа, додека седум се ранети во израелски воздушен напад врз автомобил Газа. Израелската армија потврди дека гаѓала екстремисти кои планирале да изведат ракетен напад врз Израел. Претходно бил гранатиран центар за обука на Хамас, при што се повредени три лица. Абу Обеида, портпарол на военото крило на Хамас изјави дека примирје со Израел не доаѓа в предвид се додека е во тек ваква агресија.