1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Израел ја продолжува воената офанзива

3 јули 2006

Израел ја прошири својата воена офанзива во појасот на Газа. На северот во Палестинските области навелегоа повеќе оклопни возила, соопшти портпарол на армијата. Задача на војниците ќе биде да бараат подземни тунели и екслозив. Воени хилихоптери повторно испукаа ракети во појасот на Газа.

https://p.dw.com/p/Ac5H
Канцеларијата на Ханија
Канцеларијата на ХанијаФотографија: AP

Една недела по грабнувањето на 19 годишниот војник Израел и натаму го засилува притисокот врз палестинскотот водство. Израелскиот премиер Ехуд Олмерт, кој најави и натамошнио интензивирање на воените акции изрази и жалење поради влијанието на операциите врз цивилното насление „Прво носиме одгворонсот за добробита на државата Израел и нејзините граѓани. Во рамките на оваа одговорност ќе го погодиме секој кој на државата Израел и нанесува штета.“

Сепак во воените акции како што нагласи и заменикот премиер Шимон Перез нема да има недолжни жртви „Многу сме внимателни и нема да пукаме во цивили. Ниту еден палестински цивил нема да го загуби животот.“

При воената акција, спроведена во текот на викендот во појасот на Газа за првпат во визирот се најде и палестинскиот шеф на владата Исмаил Ханија. Имено изралески воени хилихоптери испукаа ракети врз седштето на премиерот Ханија, на што израелскиот заменик премиер Шимон Перез во вчерашното интервју одговори дека станува збор за чисто предупредување. „Да го предупредиме. Нападот се случи во текот на ноќта, кога израелските официјални лица знаеа дека Ханија нема да биде во неговата канцеларија. Тоа не беше обид за убиство туку предупредување да престане со неговата дволичност.“

Перез воедно нагласи дека во оној момент кога ќе биде ослободен израелскиот војник кого на 25 јуни го грабнаа вооружени Палестинци ќе прекинат акциите на израелската војска.