1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илегалното оружје на Балканот е проблем за Европа

БГ
11 декември 2018

Германската влада се надева дека со помош на Франција ќе успее да ја сузбие илегалната трговија со оружје на Западниот Балкан. Во Париз и Берлин, контролата ја гледаат како предуслов за напредокот на земјите кон ЕУ.

https://p.dw.com/p/39rDU
Deutschland Waffenproduktion & Waffenexport | Carl Walther GmbH, IWA Outdoor Classics
Фотографија: picture-alliance/Anadolu Agency/T. Schamberger

Денеска на оваа тема во Париз се одржува донаторска конференција со претставници на Србија, Македонија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Косово.

Во пресрет на состанокот, шефот на германската дипломатија Хајко Мас во изјава за Франкфуртер алгемајне цајтунг вели дека големата раширеност на огнено оружје и експлозив во регионот е „голем јаз во безбедноста на Европа“.

„Старото оружје од балканските војни сѐ уште убива луѓе, и тоа во цела Европа. Тоа што атентаторите од Париз успеаја да го извршат масакрот се должи и на набавката на автоматско оружје од Балканот. Во терористичките напади од ноември 2015 во Париз, во кои беа убиени 130 луѓе, дел од оружјето на терористите потекнувало од БиХ, која заедно со Косово важи за упориште на исламисти.

Париз и Берлин сметаат дека една од најголемите пречки за подобра контрола на илегалното оружје е лошата соработка меѓу земјите од регионот, па се обидуваат да иницираат подобрување на тој план.

На самитот во Лондон, земјите од регионот се согласија да усвојат мерки за постепено намалување на малото оружје до 2024 година. На актуелната донаторска конференција треба да се обезбедат средства за тој план. Проценките се дека треба да се соберат меѓу 90 и 120 милиони евра, но прашање е дали тоа ќе се оствари.

Во однос на количеството на илегално оружје и неговото ширење особено погодени се БиХ, Албанија и Косово.

Според проценките на експертите, во регионот на Западниот Балкан егзистираат меѓу 4 и 6 милиони парчиња мало оружје. Тоа значи дека секој четврти жител на регионот е вооружен, пишува ФАЦ.