1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници апсења во Русија

Штефан Лак
1 февруари 2021

Десетици илјади луѓе, втора недела по ред, се на улица на протести против затворањето на критичарот на Кремљ– Алексеј Навални. Демонстрациите беа разбиени од специјалните полициски сили.

https://p.dw.com/p/3oerN
Russland Proteste Nawalny | Sankt Petersburg
Фотографија: Olga Maltseva/AFP

Втор викенд по ред поддржувачите на гласниот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, протестираат против неговото затворање по враќањето во Москва. Властите повторно одговорија со илјадници апсења. Властодржците во Москва и понатаму се немилосрдни кон поддржувачите на Навални.

Централниот дел на Москва и Санкт Петербург беа буквално опколени од полициски специјалци. Организациите за човекови права јавуваат за над 4000 (да се провери последната бројка)   уапсени во целата земја и бруталност на руската полиција. Очигледно протестите за ослободување на Навални треба да се спречат со секое расположливо средство. Меѓу уапсените има и десетици новинари и камермани - и покрај тоа што можеле да се легитимираат, велат од руското здружение на новинари.

Вжештена атмосфера

Демонстрантите во Санкт Петербург се судрија со озлогласените специјални полициски сили, ОМОН. Атмосферата во вториот град по големина во Русија беше навистина вжештена, а од толпата се слушаа погрдни извици против рускиот претседател и скандирање дека Путин е убиец. Според набљудувачите токму тоа предизвикало особено брутална реакција на полицијата против демонстрантите, со солзавец и електрошокови.

Russland Proteste Nawalny | Moskau
Фотографија: Natalia Kolesnikova/AFP

Повеќе:

-Навални и Русите: комплицирана врска

-Во авионот со Навални

-Германија бара итно ослободување на Навални

И овојпат поголемиот дел од апсењата се во Москва, каде полицијата исто така била брутална. Една постара дама која го посведочила тоа е искрено згрозена.

„Толку сум многу шокирана што не можам да си дојдам на себе. Ова беа сосем мирни демонстрации. Имаше многу млади луѓе на 15 и 20 години. Сега гледам дека едноставно ги пикаат во полициските транспортери и ги носат некаде во непознат правец,“ вели таа.

Уапсена и сопругата на Навални

Демонстрантите во Москва се обидоа да протестираат пред затворот каде што е Навални, откако првичниот план да се протестира пред седиштето на тајната служба ФСБ не можеше да се спроведе поради тоа што просторот беше ограден. Еден од младите демонстранти вели дека не дошол да протестира само за Навални, туку е таму во знак на протест против Кремљ и претседателот Путин.

Russland Proteste Nawalny | Sankt Petersburg
Фотографија: Olga Maltseva/AFP

„Неправедно е што државниот апарат веќе 20 години ги ‘цеди’ граѓаните..Кога човек е толку долго на власт го губи допирот со реалноста и живее во свој свет. Поради тоа мора да има промени. А кај нас нема..Нешто ново може да дојде само кога ќе си замине старото. Нема друг начин,“ вели едно разочарано момче.

Меѓу уапсените повторно е и сопругата на Навални, Јулија. Во текот на неделата претходеа и други апсења на негови соработници меѓу кои и брат му Олег на кој му беше наложен домашен притвор, веројатно бидејќи властите процениле дека така ќе можат да ги ослабнат протестите. Но, тоа очигледно не им успеа. На улиците во повеќе градови во земјата повторо протестираа десетици илјади луѓе.