1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници во бегство пред пожарите во Калифорнија

СН/ап/ртр17 август 2016

Екстремно сувото и топло време во моментов силно го попречува справувањето со шумските пожари во Јужна Калифорнија. Бројни домови се загрозени од пламените. Десетици илјади ја напуштаат областа источно од Лос Анџелес

https://p.dw.com/p/1JjYD
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Brooks

Повеќе од 82.600 луѓе се евакуирани поради пожарот кој изби источно од Лос Анџелес, во американската сојузна држава Калифорнија, а гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба, соопштија денес локалните власти.

Загрозени се околу 34.500 домови, а вонредна состојба е прогласена во областа Сан Бернардино, околу 100 километри источно од Лос Анџелес, се наведува на информативниот сајт Инчивеб.

Неколку дестици згради се уништени, а во борбата со пожарот се вклучени сите владини агенции во Калифорнија. Властите наредија евакуација на над 82.600 луѓе, а затворен е и главниот автопат помеѓу Лос Анџелес и Лас Вегас.

Огнениот пекол во Калифорнија одблиску

Огнената стихија изби во планинскиот премин Кахон и продолжи да се шири со голема брзина во неколку насоки зафаќајќи и околу 30.000 хектари шума.

Катастрофални пожари зачестија во последните неколку недели во Калифорнија, каде надвор од контрола излегоа 6 од вкупно 20 пожари, колку што избија ширум САД. Сувото време и топлотниот бран со температури преку 35 степени, дополнително ја отежнуваат работата на калифорниските пожарникарски служби и другите спасувачки екипи.