1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници жртви во силниот земјотрес во Иран

26 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRA
Силен земјотрес утрината го погоди древниот град Бам на југоистокот од Иран. Илјадници луѓе загинале а голем број згради се уништени во потресот со јачина од 6,3 степени според рихтеровата Скала. Иранската телевизија соопшти дека околу 70 проценти од зградите во Бам , инаку популарна туристичка дестинација , се урнале при земјотресот. Бам се наоѓа 1000 километри југоисточно од главниот град Техеран. "Илјадници луѓе загинаа ",соопшти телевизијата . Очевидци за светските агенции соопштија дека многу куќи и згради во градот кој некогаш се наоѓал на познатиот пат на свилата биле срамнети со земја а градските плоштади биле преполни со деца кои плачат и луѓе кои останале без своите домови. "Го изгубив целото семејство . Моите родители, мојата баба и двете сестри се наоѓаат под урнатините" -ја раскажа 17 годишната Мирјам една од илјадниците вакви трогателни приказни кои денеска се одвиваат во Бам. Државните медиуми во Иран соопштија дека две болници во градот истотака се урнати , со што е отежнато згрижувањето на повредените, со оглед дека преостанатите неколку болници се преполни. Властите веќе апелираа до граѓаните на Иран и пред се на Бам да донираат крв. Патиштата кои водат до древниот град во кој сега живеат 200 илјади луѓе, како што изјавуваат очевидци се преполни со амбулантни возила. Светот веќе реагираше со понуди за помош во спасувањето на затрупаните во земјотресот. Германскиот министер за надворешни работи Јошка Фишер така во телеграма до својот ирански колега Камал Карази истакнува дека Германија ќе стори се што е во нејзина мол да придонесе во спасувањето на луѓето погодени во земјотресот. Германскиот претседател Јоханес Рау пак упати писмо со сочуство до претседателот на Иран , Мохамед Катами . "Можам со сигурност да ви кажам дека Германиај е подготвена и да ја подржи вашата држава во надминувањето на материјалната штета. Инаку околу 90 отсто од територијата на Иран е сизмички активна и земјотресите се честа појава во оваа земја. Последниот силен земјотрес се случи во јуни минтата година , кога загинаа повеќе од 200 а повредени беа преку илјада луѓе.