1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Илјадници мигранти избегаа од пожарот на Лезбос

СН/ртр/афп/дпа20 септември 2016

Во преполнетите грчки бегалски кампови сѐ почесто доаѓа до насилни судири. Сега ситуацијата ескалираше на Лезбос, со голем пожар во бегалскиот хотспот Морија.

https://p.dw.com/p/1K5Dl
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Balaskas

Илјадници мигранти избегаа синоќа од пожарот во бегалскиот хотспот Морија на грчкиот остров лезбос во Егејското море. „Меѓу три и четири илјади мигрантни избегаа од Морија“, соопштија полициски извори додавајќи дека силен ветер придонесол за брзо проширување на пожарот. Според овој изор пожарот бил намерно подметнат. Според информациите на властите на грчкиот остров во пожарот кој во меѓувреме е ставен под контрола не било повредено ниту едно лице, а биле уништени или оштетни шаторите и монтажните објекти.

Во Морија има капацитети за сместување на 3500 лица, но во него, според податоците на грчката влада се наоѓаат повеќе од 5500 бегалци. Во Грција во моментов има повеќе од 60 илјади мигранти и бегалци.

Голем пожар во бегалски хотспот на Лезбос