1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли крај на разочарувањата?

1 октомври 2008

Баерн Минхен и натаму бара излез од актуелната криза. Тимот на Јирген Клинсман, по последните слаби настапи во Бундеслигата, се прикажа во малку подобро светло во вториот натпревар во Лигата на шампионите.

https://p.dw.com/p/FS63
Јирген КлинсманФотографија: picture-alliance/ dpa

Синоќешниот (30.09.08) настап на Баерн во Минхен против Олимпик Лион беше сепак недоволно за втора победа во елитното натпреварување. Гостите водеа до 52 минута, кога баварците, преку Зе Роберто, во 52 минута, го израмнија реултатот. И покрај ваквиот равој, менаџерот Ули Хенес е задоволен од резултатот, но и од атмосферата која владее во тимот: „Мислам дека можеме да бидеме многу задоволни. Натпреварот беше добар. Се разбира дека е ова нешто поинаку од Бундеслигата. Станува збор за првокласен европски фудбал и затоа не може да се очекува ваков противник веднаш да се притисне.“

Bayern Manager Uli Hoeneß beim DFB Pokalspiel gegen Nürnberg
Ули ХенесФотографија: picture-alliance / dpa

Тренерот Јирген Клинсман, по натпреварот, исто така излезе со задоволителна оценка: „Тимот сеуште се бара себеси, се прават обиди да се воспостави една нова хиерархија. Тоа е многу нормално, по заминувањето на Оливер Кан, нивниот капитен“, изјави Клинсман.

Fussball Bundesliga Bayern München Werder Bremen
Томас Шааф пред тешко искушение во МиланоФотографија: AP

Во вториот натпревар од групата Ф, Фиорентина и Стеауа одиграа без голови. Во останатите дуели: Зенит-Реал 1:2, Бате Борисов-Јувентус 2:2, Алборг-Манчестер Јунајтед 0:3, Виљареал-Селтик 1:0. Арсенал во Лондон го прегази Порто со 4:0, Фенербахче и Динамо Киев одиграа без голови. Денеска на програмата се натпреварите од преостанатите групи. Најмногу внимание предизвикува дуелот во Милано, меѓу Интер и Вердер Бремен.