1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Има ли нова шанса за блискоисточниот мировен процес?

19 февруари 2007

Шефицата на американската дипломатија е во регионот и во моментов е на средба со израелскиот премиер Олмерт и палестинскиот претседател Абас.

https://p.dw.com/p/AdtB
Рајс и Абас
Рајс и АбасФотографија: AP

Американската министерка за надворешни,Кондолиза Рајс, израелскиот премиер Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абас разговараат околу шансите на мировниот процес на Блискиот исток. Но, успехот на разговорите е веќе загрозен со одлуката на радикалниот Хамас се уште цврсто стои на ставот дека нема да ја признае израелската држава. Рајс која вчера имаше одделни средби со Олмерт во Ерусалим и со Абас во Рамалах, изјави дека на денешната средба повеќе ќе бидат неформални разговори отколку мировни преговори:

„Се надевам дека средбата ќе биде можност да се испита актуелната ситуација, да се изрази подготвеност за враќање на постоечките договори и да се испита и тестира до каде одат политичките и дипломатски граници. Се радувам на средбата“, изјави синоќа Рајс.

Аналитичарите сметаат дека поради тврдокорниот став на Хамас, посетата на Рајс нема да придонесе многу за блискоисточниот мировен процес. Израелските медиуми јавуваат дека по денешната средба САД и Израел ќе соопштат дека нема да ја поддржат палестинската влада на национално единство која нема да го признае правото на постоењет на Израел и која нема да ги почитува претходните договори.

Во среда во Берлин ќе се одржи и состанок на Блискоисточната четворка која ја составуваат ЕУ, ОН, САД и Русија на која ќе бидат разгледани резултатите од денешната средба во Ерусалим.