1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инвазија на мравки во Минхен

Р.Ѓорѓиев/дпа11 септември 2013

Преполно е од малите животинки. Тие многу брзо можат да се појават насекаде: на нозете, рацете, во вашата коса, па дури и во ушите. Мравките во Минхен буквално ги бркаат родителите и нивните деца од игралиштата.

https://p.dw.com/p/19fUs
Фотографија: Fotolia/Antrey

„На некои места е вистински хорор, земјата е покриена со нив. Мравките се насекаде по тебе за само неколку минути“, вели Фолкер Вите, биолог од јужниот германски град, на околу 50 километри северно од работ на баварските Алпи. Научниците веруваат дека видот мравки, од видот формика фускокинереа ( Formica fuscocinerea) кои се домородци на Алпите и нивното подножје, сѐ уште маршираат.

„Тие имаат потенцијал да се рашират низ централна и северна Европа“, предупредува Вите.

Шестножните легионери веќе го зазедоа универзитетскиот град Тибинген, околу 200 километри северо-источно од Минхен.

Според Бернард Зајферт од Зенкенбергскиот музеј на природна историја во германскиот град Горлиц, тие биле донесени тука со чакалот, донесен од Алпите, кој бил користен при изградбата на универзитетскиот кампус.

„Од кампусот сега се проширија низ целиот центар на градот“, вели Зајферт.

Општинските власти во Минхен се обидуваат со различни методи да ги стават под контрола досадните инсекти. Тие се активираат кога се на сонце, па така песочните и сончеви, детски игралишта се нивните омилени места.

„Игралиштата што имаат природен изглед и отворените локации, кои се дел од фауната, се секогаш атрактивни за мравките“, вели Розмари Хингерл, шеф на минхенското Јавно градежно одделение, во еден нејзин извештај кој во мај го поднела до градскиот совет.

Symbolbild Unicef Studie Teenager Kinder Deutschland
Мравките особено ги напаѓаат детските игралиштаФотографија: picture-alliance/dpa

Мега-семејство

„Чумата“ од мравки може да продолжи да расте. Мравките нормално формираат колонии кои меѓусебно не се поднесуваат, и тоа обично ги одржува нивниот број во нормала.

Но, формика фускокинереа ( Formica fuscocinerea) мравките, кои се црни, долги шест милиметри и имаат светол прстен околу абдоменот, изгледа имаат формирано супер колонија која се простира низ Горна Баварија. Тоа е еден вид на мега-фамилија во која сите се меѓусебно поврзани и можат да се шират без проблем.

Тимот предводен од биологот Витеа земале група мравки од Минхен и група од од гратчето Марнау, кое е около 70 километри на југ, и ги ставиле во мала експериментална чинија.

Наместо да се нападнат едни со други, тие се негувале едни со други, знак дека тие се препознаваат меѓусебно како членови на истата колонија.

„Проблемот со овие супер-колонии е тоа што имаме неверјатно голем број кралици, илјадници од нив седат во подземните гнезда и констатно произведуваат јајца. Колку многу тие можат да произведат на крајот ќе зависи само од ухранетоста“, вели Вите.

Beliebteste Sehenswürdigkeiten Deutschlands München Marienplatz
МинхенФотографија: Fotolia

Други видови на мравки исто така имаат формирано суперколонии, во други делови на светот. Научниците велат дека глобализацијата е виновна заради ваквиот тренд. Мравките кои ќе се доселат во нови региони се множат, па така наредните генерации се поврзани меѓусебе.

„Ова е тренд кој е сѐ поприсутен во светски рамки“, забележува Јирген Хајнце, професор на Институтот за зоологија при Универзитетот во Рагенсбург, Баварија.

Аргентинските мравки (Linepithema humile) на пример, се родум од Јужна Америка, а се смета дека се пренеле во медитеранскиот регион преку воздушни и морски товари. Тие сега имаат формирано супер-колонија која се простира илјадници километри од Шпанија до Италија.

Хајнце вели дека ова остава тешки последици врз екосистемот, аргентинските мравки сега ги заменија домородните видови мравки.

И САД со истиот проблем

Сличен развој на настаните може да се види и во САД. Таму сосема случајно од Јужна Америка во 1930-тите, биле увезени „црвените- пламени мравки“ кои сега се проширија и прават голема штета.

Ameise
Црвените „пламени“ мравки во САД пристигнале од Јужна АмерикаФотографија: AP

Голем број на мравки може да причинат штета на дрвените структури и растенијата.

Но мравките, можат да бидат и корисни за еко системот. Тие му помагаат на шумскиот систем, затоа што им помагаат на мртвите дрва побрзо да се распаднат. Тие исто така се борат со некои штетни инсекти и затоа се корисни за фармерите.

Неколку години Минхен се обидуваше со нехемиски методи да се справи со наездата, во повеќе од 70 детски јасли и 60 игралишта. Обидот со фосилизирани алги успеа само на кратко да го намали бројот на мравките.

Кога конечно беа употрбени хемикалии, дури 80% од погодените области беа исчистени. Но мравките се вратија по три години. Еден експерт заклучува дека независно од тоа кои мерки ќе се употребат, мравките никогаш нема да бидат збришани.