1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Инвазија“ на турски серии и на грчката телевизија

Мариа Ригуцу/ Башак Озај/ Симе Недевски1 март 2013

Турските серии ги освоија срцата и на грчката ТВ публика. Гледаноста секогаш е над 40 проценти. А турски серии сакаат да гледаат како домаќинките, така и високообразовани луѓе.

https://p.dw.com/p/17mqs
Фотографија: imago/Seskim Photo

Жал ми е но не можам да телефонирам, штотуку почнува ’Сулејман Величествениот’“. Ваков изговор често слушала кога сакала со некого да разговара во време кога се прикажувала турска серија, раскажува Вики Бехраки. Оваа 40-годишна архитектка од Атина прво правела шеги на таа сметка со своите браќа, пријатели и родители, кои оваа турска серија редовно ја следеле на грчката телевизија. Конечно и таа погледнала една епизода и сега веќе една година секоја вечер во 21 часот ги следи авантурите, интригите и страсната љубов меѓу турскиот султан од 16 век Сулејман и христијанката во неговиот харем-Росе.

„Продукцијата е многу подобра отколку во сличните грчки серии“, го објаснува своето воодушевување од турската серија Вики Бехраки. А и онака на грчките телевизии покрај турски серии можат да се видат само репризи на стари грчки серии, некои дури од 1985 година.

Турски извозен хит

Првата турска ТВ серија беше емитувана во летото 2005 година на телевизијата МЕГА. Се викаше „Граница на љубовта“ и се прикажуваше навечер во ударно време. Дејството се вртеше околу љубовта меѓу Турчин и Гркинка. Серијата се емитуваше три години а на деновите во неделата кога се прикажувашпе, грчките улици се празнеа. Тоа беше само почеток. Во 2010 година телевизијата АНТ започна да емитува нова серија „1001 ноќ“ и тука се случи пресвртот. Од тогаш наваму, трите најголеми комерцијални телевизии, МЕГА, АНТ 1 и АЛФА во ударно време прикажуваат само турски серии. Секако ред е да се спомене дека 2010. беше годината кога финансиската криза во Грција започна навистина да се чувствува

Türkei TV Serie Das prächtige Jahrhundert
Фотографија: imago/Seskim Photo

„Во 2010 година големите телевизиски куќи западнаа во први сериозни финански проблеми, повеќе немаа пари за продукција на нови серии“, објаснува ТВ-критичарот Вулалас од весникот Атинорама. „Споредбено турските серии се евтини. Една епизода може да се купи веќе од 5.000 евра, а постигнуваат голема гледаност, често и повеќе од 40 проценти“ истакнува Вулалас.

Турските серии не се успешни само во Грција. Минатата година турските компании само со продажба на правата за емитување во повеќе од 70 земји заработиле преку 100 милиони долари. Во меѓувреме турските серии ги следат милиони гледачи во источна и југоисточна Европа, на Блискиот Исток и во југоисточна Азија.

Полирање на угледот, но со „вистински“ вредности

Тие серии не се успешни само финансиски. Тие собираат бодови и на политички план. Така турското Министерство за култура има намера финансиски да ги поддржи ТВ сериите. Причина за тоа е полирањето на угледот на Турција во странство. Тоа се нарекува "soft power" ( во слободен превод „со нежни средства“).

Türkei TV Serie Das prächtige Jahrhundert
Фотографија: imago/Seskim Photo

Во моментов на грчките телевизии може да се гледаат шест турски серии. Но не се сите воодушевени. Невработените грчки актери се жалат дека овие евтини продукции им ја земаат работата. Весниците се жалат дека серијата „Сулејман Величествениот“ е обид за ублажување на последиците на 400 годишната отоманска окупација на Грција. Минатата година со отворено присмо се јави дури и познатиот композитор Микис Теодоракис: „Провокативниот однос на грчките телевизии кои бесрамно емитуваат се‘ евтино што им нуди турската пропаганда, се чини загрижува малку луѓе“, напиша тој.

Грчката публика не се осврнува многу на тоа. Турските серии и натаму се извонредно гледани. Критичарот Никос Вулалас советува на сето тоа да се реагира опуштено „на крајот сите ќе увидат дека овде станува збор само за безопасно задоволство.“