1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Индустријата погодена од масовна пиратерија

Корнелија Борман/ Жана Ацеска20 мај 2013

Очила од Гучи или чанта од Хермес за 10 евра од уличен продавач, јасно дека се фалсификати. Но, пиратеријата ги погодува се‘ повеќе и покомплицираните производи, на пример, во германската машинска индустрија.

https://p.dw.com/p/18QTD
Фотографија: Aktion Plagiarius e.V.

Овде се изработува електроника за апарати за мерење. Специјалните компјутерски програми се срцето на сензорите, кои овозможуваат екстремно прецизни мерења. Тие ќе бидат користени во хемиската индустрија или при преработката на отпадната вода. Информациите на клиповите можат лесно да бидат украдени. Крадците преку кражби на податоци штедат време и пари за развој на сопствени инструменти. Со илегални копии никој не сметаше. Се мислеше, тоа е комплицирано. Во 2003 дојде лошото изненадување.

Гинтер Кех, раководител во ВЕГА Грисхабер КГ:

„Ова го копирала кинеска фирма. Уште на изглед е многу слично. Кога подлабоко ќе се погледне, се‘ појасна е копијата. Софтверот на пример е стопроцентно копиран. Го проверивме софтверот и констатиравме, некои коментари во кинеската верзија се‘уште се со оригиналот од ВЕГА. Значи, јасно копирање на овој харддиск.“

Фирмата имаше среќа во несреќа. Фалсификаторите можат да ги продаваат своите апарати само на кинескиот пазар. Така претпријатието загуби малку пари, а имиџот му остана добар. Но, бидејќи се копирани и најновите производи, се обрати до Институтот Фрауенхофер во Минхен. Овде научниците ги испитуваат слабите точки во електрониката и спречуваат исчитување на чиповите. Својата работа тие ја финансираат со јавни пари и порачки од индустријата. Во нивните муштерии спаѓаат производителите на автомобили, медицински апарати.

Заштита на електрониката е можна веќе за 40 илјади евра. А тоа треба да се случи уште во развојната фаза. Тогаш е поедноставно производите да се направат сигурни. Многу фирми се‘уште потценуваат колку лесно може да се копираат нивните апарати.

Бартол Филиповиќ од институтот Фрауенхоф за применета и интегрирана безбедност АИСЕК истакнува:

„Ако се размисли колку многу претпријатија се погодени, колкави штети во прометот ова всушност генерира, ова копирање на производите, тогаш се согледува колку процентуално мал дел од овие претпријатија всушност е активен. И дека голем дел воопшто не се зафаќаат со проблемот.“

Фирмата ВЕГА се соочи со проблемот. Нивните нови сензори се заштитени од илегално копирање. Да се заштити мемориската картичка чинеше околу четвртина милион евра. Но, споредено со штетите кои можат да настанат, тоа е само мала сума.