1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интеграцијата на странците - клучна задача на нашето време

12 јули 2007

Во Берлин се оддржува самитот за интеграција. Претставници од политиката, од општествениот живот, од органзации на мигрантите ќе разгораат за најгорливите прашања за интеграција на странците во Германија.

https://p.dw.com/p/BF8g
Ангела Меркел меѓу младите од светотФотографија: AP

Во последната неделна интернет порака, германскиот канцелар Ангела Меркел внимателно се произнесе за престојниот самит за интеграција „Интеграција на луѓето кои имаат странско потекло е една од клучните задачи на нашето време. Во националниот план за интеграција јасно ќе укажеме што треба да придонесат секоја од општествените групи за интеграцијата“

Самитот на кој треба да присуствуваат околу сто учесници треба да претставува круна на долгорочните напори, а тоа е чекор со кој големата коалиција сака и да ги засени напорите за интеграција на претходната црвено зелена влада.

Политичари од сите нивоа, службеници, претприемачи, спортски функционери, црковни луѓе и претставници на мигрантите цела година се советуваа и бараа начин за подобар соживот и работеа на така наречениот план за интеграција.

Самитот за интеграција засенет од спорот меѓу владата и турските здруженија

Објавувањето на резултатите сега е засенето поради спорот меѓу турските здруженија и владата. Тестот за познавање на јазикот за членови на семејството кои сакаат да дојдат во Германија како и кратењето во социјалната помош за оние кои се противат да посетуват курс по интеграција, се заклучена работа но овие точки според претседателот на турската заедница Кенан Колат се неповолни за интеграцијата

„Тие неможат со машинерија на санкции да придонесат за интегрцијата. Ако сакаат да не земат и нас, мора малку и да не слушаат за заеднички да сториме нешто за интеграцијата. Ова очигледно не му успеа на сојузниот министер. “

Германската влада се придржува до законот

На барањето на некои органзации да се смени веќе преработениот и од Бундестагот и Бундесратот усвоениот закон за доселување, германската влада за сега не реагира. Одговорната во владата за процесот на интеграција Мариа Бемер за првата програма на германската телевизија изјави „Овој закон ќе важи, штом ќе го потпише сојузниот претседател. Тој истото така е направен од добри причини и ние се придржуваме до нив и на законското регулирање кога станува збор за унапрадување на јазиот во земјата на потекло.“

И турската зедница не ги негира придобивките од планот за интеграција

И покрај спорот и заострување на законот за доселување дури и турската заедница не го става под знак прашање планот за интеграција, кој треба да биде свечено завршен. Кенан Колат „Самите се обврзавме и нема да го негираме тоа. Ние ќе продолжиме со образовната кампања за турската заедница. Тоа ќе го сториме бидејќи сметаме дека е исправно. Станува збор за иднината на нашите деца.“

Здруженијата на мигрантите меѓу другото имаат намера да спорведат и кампања под мотото „ Жените имаат права“.

Но и германската држаава од своја страна презема обврски така на пример 16 те покраини, под кои спаѓа компетенцијата за образовниот систем веќе во јуни одобрија повеќе пари за училиштата во кои учат поголем број деца на странци. Германската влада во меѓувреме усвои и 150 други мерки, отворено остана само прашањето како треба да се контролира исполнувањето на многубројните обврски.