1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интензивни истраги за двата големи скандала во Македонија

Александар Чомовски22 декември 2006

Македонското обвинителство и полицијата ги интензивираат истрагите за двата големи скандали што ја потресуваат јавноста – шверцот со армиското оружје од Македонија кон Бугарија и упадот на дел од македонските полициски специјалци во една скопска дискотека. Двата случаи се доволен повод и за политичка конфронтација меѓу власта и опозицијата, но и на шефот на државата и премиерот.

https://p.dw.com/p/Ac0h
Скопје
СкопјеФотографија: DW

Аферата на шверц со оружје е во фаза на сериозна судска истрага. Вчера бил распитуван началникот на Генералштабот Мирослав Стојановски. На списокот за евентуален распит се и поранешниот министер за одбрана Јован Мaнасиевски како и екс премиерот и министер за одбрана Владо Бучковски, кој денеска деманитира дека бил распрашуван во обвинителството. Истражните органи сеуште тактизираат, пред се’ државното обвинителство, дали да им одреди притвор пред се на четворицата армиски офицери и службеници осомниччени за пропусти во процедурата на превозот не трите бугарски камиони натоварени со оружкје од македонската армија.

За некои од македонските офицери има сознанија за фалсификувани докуменити и злоупотреби на службените документи и армиската процедура што ги става во деликатна ситуација и четворицата бугарски државјани, возачи кои се во скопскиот затвор, кои можеби превезувале оружје без потребната доклментација што се смета за остро казниво кривично дело.

Вештите лица утврдиле дека дел од армиското оружје воопшто не е користено и било спакувано како дел од НАТО арсеналот со ознаки на германски производи.

Аферата добива и политички димнезии. Вчера реагираа и спореа индиректно премиерот Груевски и претседателот Црвенковски, околу шверцот со оружје и политиката на гонење на криминалот.

„Владата мора да се обиде да ја избегне замката, нејзините потези да бидат диктирани од дневен маркетиншки пристап и да се посвети на крајни цели и резултати.“ „ Ние имаме од минатото ситуации кои засекогаш останаа неразрешени, разни октоподи случаи поврзани со Хард Рок итн. Ова се случаи за кои МВР работи 24 часа и кои ќе бидат разјаснети. Тоа е основната разлика меѓу нас и СДСМ.“

Спореа шефот на државата Бранко Црвенковски во обраќањето пред парламентот и премиерот Груевски по првата реакција по обраќањето на претседателот Црвенковски.

Лидерот на опозицијата, во парламентарната дебата за европесрпективите на Македонија ги извлече разликите во владеачката коалиција и министерства околу шверцот со оружје и безбедноста во Република Македонија. Радмила Шеќеринска кажа „Загрижете се среиозно дека граѓаните на Македонија се плашат, се плашат за својата безбедност. Кога еден ќе видат дека нема оружје, вториот ден ќе видат дека никој незнае кое е оружјето. Кога третиот ден ќе видат маскирани лица како парадираат низ центарот на Скопје и сеат страв, а четвртиот ден или четвртата вечер ќе чујат експлозии. Не е добро.“

За разлика од Шеќеринска вице премиерката Коневска оцени дека шверцот со оружје и насилничката постапка на полициските специјалци во скопската дискотека ќе имаат правна судска разрешница и нема да влијаат врз европските перспективи на Македонија. Во најновиот мега – скандал со отуѓувањето на новото армиско оружје и транспортот од Македонаија и Бугарија има и судр меѓу Генералштабот и полицијата.