1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интервју на Дојче Веле со адвокатот на Љубе Бошковски – Звонимир Ходак

15 март 2005
https://p.dw.com/p/AcGj

Дали успеавте да го видите обвинението од Хаг?

“Не, не сум го видел. Обвинението стигна вчера во Македонија, исто како и во Загреб, но хрватското министерство за правда дури денеска ќе го има на располагање. „

Кои се вашите следни чекори?

“Нормалните законски процедури. Ќе дадеме приговор против обвинението, за што ќе одлучува Врховниот суд на Хрватска , но тоа е чиста формалност. Тој приговор ќе биде одбиен и господин Бошковски ќе мора да замине за Хаг. Во Хаг ќе ја презентираме сета документација што им ја презентиравме на Хашките истражители кога тие беа во Пула, а од која се гледа дека Бошковски не може да одговара за тоа дело за кое се товари, значи за селото Љуботен, зашто тој во Љуботен стигнал три дена откако се случил настанот и тоа по изречна наредба на поранешниот претседател на Македонија, покојниот Трајковски. Тој во Љуботен отишол да ја смири ситуацијата, ги распуштил паравоените формации кои биле таму, поднесол казнени пријави , како и што бил должен , па според тоа, тој направил се што било во негова компетентност и од таа страна не може да му се приговори ништо. Зошто се отиде на оваа казнена пријава, односно на ова обвинение, во моментов не знам. „

Колку бргу според вас ќе трае процесот на испорачување?

“Сето тоа ќе трае како што обично оди во Хрватска отприлика еден месец. За отприлика еден месец тој ќе биде во Хаг. „