1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Интер-Челзи и Милан-МанУ во Лигата на шампионите

18 декември 2009

Љубителите на фудбалот на пролет ги очекува вистинско уживање, откако денеска беа извлечени двојките за осминафиналето од најсилното натпреварување во светот, Лигата на шампионите.

https://p.dw.com/p/L80K

Два италијанско- британски дуели ќе бидат во центарот на вниманието на фановите, не само поради имињата на тимовите, туку и поради личниот печат на дел од учесниците во нив. Интер предводен од Хозе Мурињо ќе игра против поранешниот тим на португалскиот тренер- Челзи, додека Милан засилен со звездата Дејвид Бекам за противник го доби неговиот долгодишен клуб, гигантот- Манчестер Јунајтед.

Германските клубови имаа променлива среќа во жребката

Минхенски Баерн, за пласман во четвртфиналето ќе се бори со италијанската Фиорентина, а Штутгарт е веќе прежален, откако за противник го доби актуелниот европски првак, Барселона.

Во останатите дуели Олимпијакос игра против Бордо, ЦСКА Москва против Севиља, Лион ќе се обиде да го изненади најскапиот тим во светот Реал од Мадрид, а Порто ќе брка изненадување против Арсенал. Финалето на годинешната Лига на Шампиони е закажано за 22 мај, на Сантијаго Бернабе во Мадрид.

Автор: БГ/ројтерс/миа

Редактор: Александра Трајковска