1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Инфлацијата во еврозоната во благо опаѓање

ЕМФ/дв30 април 2012

Стапката на инфлација во земјите на еврозоната се намалува полека, но постојано. Стабилни цени се очекуваат на почетокот на 2013 година.

https://p.dw.com/p/14n5S
Фотографија: Fotolia/Bauer Alex

Инфлацијата во 17-те земји од еврозоната во април изнесувала 2,6 проценти, односно била за 0,1 процент помала отколку во март 2012, гласи проценката на Европскиот завод за статистика - Евростат. Тоа значи дека инфлацијата достигнала најниско ниво од август 2011 година. Сепак, поскапувањата се и натаму значително над границата од два проценти што Европската централна банка ја зема како мерило за стабилни цени. Претседателот на ЕЦБ Марио Драги оценува дека стабилни цени ќе има дури на почетокот на наредната година, односно зголемувањето ан цените дури тогаш нема да биде повисоко од два процента.

Инфлацијата особено ја поттикнуваат високите цени на енергијата. Нафтата во изминатите недели чинеше како никогаш досега, што пак значеше уште повисоки цени на бензинот, дизелот и маслото за греење.